(Видео) Коцевски контра Коцевски?


Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, вели дека обвинителите кои го работат предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не можат да гонат директори само заради тоа што имале функција додека објектот работел. Ова го кажа во одговор на прашање, зошто во истрагата не е опфатен актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат, во чиј мандат клубот работи со фалсификувана лиценца. Во следната реченица, вели дека двајца поранешни инспектори на ДПИ се предмет на истрага, цитираме: „пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца“.
„Законот не ни дава основ да гониме само затоа што некој бил директор во одреден временски период. Ова важи и за сегашните и за минатите директори, кај кои не се утврдени пропусти кои упатуваат на основано сомнение дека сториле кривично дело“, рече Коцевски.
Потоа, посочи дека двајцата поранешни директори на Пазарен инспекторат, се осомничени, како што рече, пред сѐ поради тоа што директорувале додека клубот работел.
„За двајцата поранешни директори на Државен пазарен инспекторат, кои од претходно се истражуваат, проверките продолжуваат, пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца, како и со неколку други лиценци кои се предмет на проверка“, вели Коцевски, кој не посочи дека тие преземале или непреземале дејствија со кои го прекршиле законот.
View this post on Instagram
