Сарачини и Незири во куќен притвор, ексдиректорот на ДЗС и актуелен министер доби ефективен притвор


Ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени – имаат мерки на претпазливост.
За актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, засега нема мерки. Тој најави дека се враќа во Македонија, откако доби статус на осомничен. Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.
Се води истрага 47 лица, и три правни лица.
„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.
Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.
