Македонија

Таравари: Двајца пациенти во критична состојба, 57 повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Скопје и странство

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, останатите се стабилни.

„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца во Клинички центар на Пластична хирургија, еден пациент во „8 септември“, во стара градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти од кои очекуваме денеска еден да биде пуштен дома. Од пациентите кои се лекуваат во странство само уште двајца се во критична состојба. Другите се на рехабилитација или чекаат оперативни зафати“, рече Таравари.

Министерот Таравари кажа дека добра вест е што пациентка која два пати била реанимирана, сега е во добра состојба и почнала да се движи.

На почеток