Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.

— реклама —

Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.

— реклама —

Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.

media-libraryvmab1qbtd18jdmwx6pf

Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.

— реклама —

Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.

Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања