Македонија

Таравари: Утре одлука или во коалиција со Вреди или сами на избори, со ДУИ не преговараме

Алијанса за Албанците на Таравари утре ќе донесе одлука дали на престојните локални избори ќе настапат како дел од коалицијата ВЛЕН или на избори одат самостојно.

Според Таравари во некои општини во кои доминира албанското население, неговата партија може да добие повеќе гласови ако настапи сама, отколку како дел од коалицијата ВЛЕН.

„Имаме две опции, една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат како што се Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај. Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари.

Таравари демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека неговата партија преговара со ДУИ за евентуална соработка.
Со ВЛЕН рече, нема договор.

Не сакаше да ја коментира изјавата на Касами, кој рече дека тој што ќе се оддели од групата ќе го јаде волкот.

„За Билал Касами не би сакал да коментирам, тоа е негов став. Мислам дека избрзува кога дава изјави, меѓутоа тоа е негова работа“ рече Таравари.

На почеток