(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа


Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.
„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.
Пред ова, имаше неколку остри реплики.
„Ова е сведоштво на продолжувањата на ‘мојот закон’ и ‘ќе ве влечеме за уши’. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла“ рече Беџети.
Му врати Пренџов: „Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.
Од ДУИ најавија дека нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.
