По еден полицаец осомничен за „Пулс“ се трага, шест останаа без пасоши, за седум се бара замена за мерката ефективен притвор


Шесте ново осомничени полицајци во предметот за работата на дискотеката „Пулс“ останаа без пасоши, но ќе се бранат од слобода. Ова е одлуката на судот, по предлогот на Обвинителството. Истовремено, според информации на „Скопје1“, побарано е да се укине мерката ефективен притвор за првите шест полицајци, откако за нив се прибрани доказите и не можат да влијаат на тој дел од постапката. И натаму, се трага по уште еден полицаец кој е недостапен за органите на прогонот.
„Прифатен предлогот на ОЈО ГОКК за опредлување мерки за претпазливост против шест лица – полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител. Мерките се – одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“, велат од Кривичен суд.
ПРЕТХОДНО:
