Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двајцата можат да заработат богатство!

Од
Објавено на

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што следи, во кратката порака објавена на неговата социјална мрежа.
„Може да се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела“, напиша тој.
„Тогаш и двајцата можат да направат добар бизнис со растечките Соединети Американски Држави и да заработат богатство! додаде тој.
