СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ


„Кога СДС зборува за правда, тоа звучи исто како крадец да држи предавање за чесност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Кога СДС зборува за култура, тоа звучи како пироман да се фали дека го изгаснал пожарот.
СДС, како и секогаш, кога институциите конечно почнуваат да работат професионално, после хаосот што го оставија зад себе, се обидува да шири лажни вести, страв и дезинформации. Тоа не е ништо ново, тоа е нивна стара стратегија – кога немаат аргументи, измислуваат афери.
Меѓутоа, јавноста добро памети.
Во време на СДС:
– се гасеа истраги и се уценуваа обвинители;
– криминалци од врвот на власта беа заштитени како свети крави;
– граѓаните беа сведоци на политички прогон на неистомисленици;
– Врховниот суд беше партиски штаб, а Советот на јавни обвинители нем набљудувач на криминалот.
Министерството за култура, во нивно време, беше претворено во каса за партиски трансакции и награди за блиски личности. Грантови се делеа без критериуми, по телефон, по пријателски врски и по заслуги кон партијата. Уметниците кои не беа лојални, беа игнорирани или санкционирани. Установите беа блокирани, а културата сведена на приватен бизнис за избрани поединци.
Културните работници, вистинските уметници и институциите денес конечно здивнаа. Заврши времето кога маички XXL и авионски карти за егзотични дестинации се купуваа од државни пари, додека проекти од национална важност беа одбивани.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи притисоци врз обвинителството, но ниту ќе дозволи заштита за било којшто се огрешил пред законот – без разлика на партиска, етничка или друга припадност.
Тоа е разликата меѓу нас и нив!
Ние се бориме за држава на еднакви, не на привилегирани!
Тие се борат да се вратат на власт за повторно да ја контролираат правдата и да продолжат со грабежот.
Но времето на криминалците заврши.
Македонија е во рацете на чесните граѓани.
