Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Сакам да заврши оваа голгота, во мир да тагувам, да не ја сретнувам, вели мајката на загинатиот Алек, која и по четири години од смртта чека пресуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
alek-radulovic

Мирјана Радуловиќ, мајката на Алек Радуловиќ, која и по четири години откако загина нејзиниот син бара правда. Таа посочува дека само сака да заврши голготата во судница и во мир да тагува. Посочува дека тоа го должат како родители на нивниот загинат син. Алек, загина во несреќа во скопската населба Илинден, кога автомобил му го пресекол патот, па се судриле и тука го загубил животот.

„Јас единствено што сакам веќе да заврши оваа нашата голгота по судница. Јас сакам веќе да бидам оставена во мир да тагувам. Јас сакам ова што побрзо да се заврши. Да ги изгубам јас сите контакти со неjзе, да ја сретнувам. А казна за нејзе барам затоа што во најмала рака го заслужува тоа Алек, ама и ние како родители кои останавме додека сме живи да тагуваме по него. Па ќе кажам, ова е последно нешто што јас за мојот син можам да направам, да издејствувам правда. Едно е смртта и болката по детето, ама друго кога имаш ти веќе причинител за неговата смрт. Тогаш и гневот игра голема улога. Зборувам конкретно сега лично за себе. Можеби тој гнев немаше да биде толкав голем ако јас на 12-ти јануари не ги видев како се веселат. Ако јас два и пол месеци после тоа не ги читав по портали, не ги гледав по телевизија, на утрински, на зевземании и така натаму. Како ни е во тој момент? Значи немаше ни година (од смртта) на Алек, ние гледаме таа како ужива во својот живот“, вели Радуловиќ.

— реклама —

Таа додава: Од Кривичен не излеговме. Каде ни е Aпелација, до каде ќе одиме, Врховен? Од каде знаеме дали нема пак да се вратиме назад, нели? Затоа што ние од ова судство јас веќе ништо не очекувам, оние два отсто не случајно се, како бројка ги слушаме постојано, нели, ај прашајте никој кој има верба веќе и во судството?“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq6l58272tf2laAYx1qi

(Видео) Фериде Демирова со мерцедес, порше и три стана примала социјална помош, во ,,Претрес” говори нејзиниот адвокат

Студио | пред 5 дена

— реклама —
media-library1kc4qpusmer32GLGcLU

(Видео) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица

Студио | пред 5 дена

media-librarys8no8tfm6fb352yVw59

(Видео) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва

Студио | пред 5 дена

media-librarygvshm267a4pn8TBTvqb

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа

Студио | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања