Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров.
„Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не дочека 25 роденден. Нашето е завршено со завршување на нивниот живот“, рече таткото на Андреј Стојанов.
Мајката на Андреј Лазаров, покажувајќи ги сликите од двете деца, посочи - еве ги заедно, заедно дојдоа, заедно загинаа.
„Заедно си дојдоа од Скопје и заедно загинаа, а никој нема одговори зошто“, рече мајката.