Македонија

Рускоска на маршот на семејствата од Кочани: Чиста емпатија, присуството не значи критика кон Обвинителството

ФОТО: 4NEWS.MK

Вилма Рускоска била на денешниот марш пред Обвинителството на маршот на семејствата на загинатите во Кочани, потврди таа за „Скопје1“, додавајќи дека тоа е поддршка за семејствата.

Прашана за критиките кон истата институција за време на нејзиниот мандат, каде кабелот бил крив наместо конкретни лица, посочува дека нејзиното присуство на маршот не било критика на работата на Обвинителството.

„Да, бев, за да дадам поддршка на семејствата. Чиста емпатија. Како и цело општество, така и јас, длабоко сочувствувам со семејствата на загинатите млади луѓе. Тоа не значи дека ја критикувам работата на Обвинителството. Што се однесува до кабелот, тоа го работеше ОЈО Тетово, со помош на колеги од ОЈО Скопје. Не го работеше ОЈО-ГОКК, кое тогаш јас го раководев“, вели Русковска за „Скопје1“.

На почеток