„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Казнети 1410 возачи и 15 пешаци за два дена, 333 лица возеле брзо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
policija

„Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава во текот на изминатите два дена (28/29.04.) полициските службеници издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила“, велат од МВР и додаваат:

Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 415, односно 333 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани биле 144 возачи, потоа 71 учесник во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, 39 возачи на мотоцикл за неносење на заштитна кацига, а пак 64 за користење на мобилен телефон при возење.

— реклама —

Исто така, според статистичките податоци, во шест случаи возачи минале на црвено светло, во 18 случаи кај возачи било утврдено недозволено количество алкохол во крвта, а санкционирани биле и 15 пешаци.

— реклама —

По основ пак на Законот за возила 48 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 14 заради техничка неисправност а 34 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.

— реклама —

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, особено за време на утрешниот празник возачите да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е предуслов за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

Возач лишен од слобода по удирање пешак под дејство на алкохол

Македонија | пред 1 час

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведени шест лица за семејно насилство во повеќе градови

Македонија | пред 3 часа

media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

Лишени од слобода 10 возачи, дел возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Македонија | пред 5 часа

media-libraryvdmssr54uget14itvwo

Лишен од слобода 72-годишник од Скопје, криумчар на мигранти од Индија

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања