Државната агенција МИА доби нов директор


Десет месеци по промената на власта државната агенција МИА доби нов директор и претседател на Управниот одбор. Тоа е новинарот Дарко Јаневски, кој има работено во неделникот „Фокус“, во „Нова Македонија“, во „Вечер“. . Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен“.
Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 2018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа.
Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот од 2006-2017 година.
Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.
На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.
