Македонија

(Видео) Скара во Грција: илјадници граѓани со часови чекаат на граница

Гужвите за влез во Грција, на граничниот премин „Богородица“ ги имаше и во текот на ноќта, како и утринава. Чекаат автобуси и автомобили, во седум километарски колони. Според АМСМ чекањето на границата е 30 минути, но во пракса се чека и до два часа, јавуваат патници.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во известувањето од АМСМ.

На границата голем дел од возилата се со српски регистарски ознаки, бидејќи кај нив, нереботни денови се 1 и 2 мај, за разлика од Македонија каде неработен е само 1 мај. Гужвите започнаа од вчера.

На почеток