Македонија

„Луксузот ваш е од трудот наш“, им рекоа работниците на пратениците, па им го свртеа грбот и ги поздравија со „уа“

Со извици „уа, уа“, дел од работениците ги поздравија пратениците од пред Собранието, иако тие не беа во зградата. Симболично се свртија со грб кон законодавниот дом, за да им покажат како е кога работникот ќе им го заврти грбот, макар и симболично. Им порачаа дека се лускузираат со парите од граѓаните и побараа поголеми плати, како и платен превоз и хранарина.

„Во најважните моменти на работниците, најголем дел од овие позади мене (пратениците) се на одмор.УА! За жал, до денеска 1 мај, Денот кога ја одбележуваме работничката борба, дел од овие донесоа закон за да имаме 12 часовен работен ден, нешто што го снемало во светот во 1986 година. Жалосно е да уживаат привилегии, трошоци за превоз поголеми од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, 79 отсто зголемени плати, а да одбиваат да донесат измени на Законот на минимална плата, да имаат право работниците за превоз и храна, зголемување на платите. Бараме најбрзо што може да покажат дека се и со работниците. Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достинствена работа, а од другата страна се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е од трудот наш. Макар и симболично, да им го свртиме грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работникот ќе им го заврти грбот“, рече Трендафилов, а присутните се свртија со грб кон Собранието.

На почеток