(Видео) Поставен оџакот на Сикстинската капела за избор на нов папа


Очите на светот свртени кон Ватикан.Течат подготовките за избор на нов папа. Членовите на противпожарните и спасувачките служби веќе го подготвуваат оџакот кој игра клучна улога во тоа.
Со оглед на тоа што изборот за папа е затворен за јавноста и дека јавноста нема увид во случувањата во црквата во тие моменти, црковните службеници ќе ја информираат јавноста за резултатите од гласањето по секое гласање, преку бојата на чадот која излегува од оџакот.
Ако се појави бел чад, тоа значи дека папата е избран.
Во случај папата да не биде избран, гласачките ливчиња ќе бидат изгорени и на нив ќе се додаде „црна смеса“ што ќе го направи самиот чад црн. За граѓаните кои ќе се соберат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, ова ќе значи дека папата не е избран.
Конклавата за избор на 267-от папа ќе започне на 7 мај 2025 година, по завршувањето на мисите кои се одржуваат за покој на душата на починатиот папа Франциск.
Се очекува 133 кардинали од целиот свет да го изберат новиот поглавар на Католичката црква. За валиден избор на нов папа се потребни две третини плус еден глас.
