Ахмети не знае каде се кријат Груби и Бајрами: Сигурно се некаде во регионот


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не знае каде се кријат екс првиот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство.
Ахмети смета дека некогашниот негов човек од доверба се наоѓа некаде во регионот, пренесува ТВ Алсат.
Истакнува дека нема комуникација со нив и дека не е истражен орган за да открива каде тие се наоѓаат.
Груби и Бајрами се осомничени дека вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над осум милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.
Груби е и на т.н. „црна листа“ на американскиот Стејт департмент.
