Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Се дестабилизира државата со одлуките на Уставен суд кој се претвора во параполитичка институција, им пишал Ахмети на странците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydnjdsacme7kdaNT3LDk

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку нон-пејпер испратен до меѓународните партнери предупредува дека одлуките и постапките на Уставниот суд отвораат чувствителни прашања кои можат да ги дестабилизираат меѓуетничките односи во земјата.

— реклама —

Ахмети го обвинува Судот дека се претвора во параполитичка институција, дека носи одлуки по етничка линија и дека со своите иницијативи ги доведува во прашање темите поврзани со Охридскиот рамковен договор.

— реклама —

Како проблематични се посочуваат укинувањето на „балансерот“, иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, намалувањето на бројот на општински советници, како и отворањето на прашањето за таканаречените „хашки случаи“, односно Законот за амнестија.

ДУИ претходно побара оставка од претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, а не ја исклучува и можноста да бара кривична одговорност, оценувајќи дека со ваквите постапки се нарушува уставниот поредок.

— реклама —

Во нон-пејперот Ахмети пред странските претставници го отвора и прашањето за воведување на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, односно законите донесени со двојно мнозинство да не можат да се укинуваат без ист таков принцип на одлучување.

— реклама —

ДУИ во документот предлага и три мерки: избор на влада со Бадентеров принцип, негова примена во Уставниот суд и продлабочување на децентрализацијата. Партијата повторува и дека е потребен сеопфатен ветинг во институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

Ахмети: Нападот во Вашингтон е напад врз демократијата, САД остануваат симбол на стабилност

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryo1lfgro1ecpj5ZnBGoi

(Фото) Ахмети со Гаши и министерот Лимани беа кај Рама на „Самит на албанската дијаспора“

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-ahmeti

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања