Промени тема
Контакт

Ахмети по средбата со американската амбасадорка: Разговаравме за актуелните политички случувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryranpur9mf4pd5r3gtxY

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје, Никол Варнс.

За средбата информираше самиот Ахмети преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека разговарале за актуелните политички состојби во земјата, за демократските институции и за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

Ахмети ѝ се заблагодарил на Варнс за нејзиниот, како што наведе, посветен и конструктивен ангажман и за придонесот во зајакнувањето на односите меѓу двете земји.

— реклама —
— реклама —

Тој истакнал дека САД имаат незаменлива улога како стратешки партнер на Македонија и клучен фактор за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Воедно, нагласил дека американската поддршка била од суштинско значење за постигнувањето на Охридскиот рамковен договор и останува важна за неговото целосно спроведување.

— реклама —

Според Ахмети, на средбата била потврдена и посветеноста на ДУИ кон стратешкото партнерство со САД, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и европската перспектива на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

Ахмети: Нападот во Вашингтон е напад врз демократијата, САД остануваат симбол на стабилност

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryo1lfgro1ecpj5ZnBGoi

(Фото) Ахмети со Гаши и министерот Лимани беа кај Рама на „Самит на албанската дијаспора“

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydnjdsacme7kdaNT3LDk

Се дестабилизира државата со одлуките на Уставен суд кој се претвора во параполитичка институција, им пишал Ахмети на странците

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања