Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше преку објава на својот Фејсбук профил по повод вчерашниот напад во Вашингтон, оценувајќи дека станува збор за сериозен чин насочен против демократските вредности и слободата.
Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави и покрај безбедносните закани остануваат стабилни благодарение на силните институции и единството на граѓаните.
„Неодамнешниот напад во Вашингтон е сериозен чин што има за цел да ги погоди темелните вредности на демократијата и слободата. Соединетите Американски Држави постојано докажаа дека остануваат непоколебливи пред секоја закана, благодарение на силата на своите институции и единството на својот народ“, наведе Ахмети.
Тој изрази целосна поддршка и солидарност со американскиот народ и безбедносните институции, нагласувајќи дека брзиот одговор покажал оти насилството не може да ја надвладее демократијата.
„Во овие моменти стоиме рамо до рамо со САД, поддржувајќи ги нивните напори за безбедност, мир и заштита на демократските вредности“, порача Ахмети.
За настанот претходно реагираше и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој изрази загриженост и порача дека му олеснало што американскиот претседател и другите присутни се безбедни, упатувајќи и желби за брзо закрепнување на повредениот припадник на безбедносните служби.