Македонија

Времето идниве денови: нема да има само сонце…

Рано-летните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период, ќе се задржат денес и утре (понеделник 5 мај).

Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.

Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето. Поточно, во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат високите температури, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

На почеток