За Мицкоски е неприфатливо Таравари да има тивок договор со ДУИ за соработка на локалните избори


Утре ќе седнат на маса премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и доскорешен член на коалициската Вреди, Таравари.
Се очекува да се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.
„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
