Мицкоски до Ахмети: Ако е мудар ќе сфати зошто е во опозиција, сѐ уште живее во минатото


Премиерот Христијан Мицкоски го советува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Ако е мудар Ахмети, вели, ќе сфати зошто е во опозиција.
„За жал господинот Ахмети сѐ уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија. Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
