Свет

Десничарскиот популист Симион води во првиот круг на претседателските избори во Романија

На повторените претседателски избори во Романија, ултрадесничарскиот кандидат Џорџ Симион освои најмногу гласови во првиот изборен круг.

Тој е во убедливо водство со околу 40 отсто од гласовите.Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (AUR), освои 3.856.981 гласови.

21%.
„Ова не е само изборна победа, ова е победа за романското достоинство. Победа за оние што не изгубиле надеж, за оние што се уште веруваат во Романија како слободна, почитувана и суверена земја“, изјави Симион по објавувањето на резултатите.

Неговиот противкандидат е 55-годишниот Никусор Дан, натпартискиот градоначалник на Букурешт со освоени 21 отсто од гласовите. За Дан гласаа 1.976.926 Романци.

Кандидатот на владината коалиција, Крин Антонеску, доби 20 отсто. Дан се залага за либерални реформи, а важи за еден од ретките некорумпирани политичари.

Се очекува многу од гласачите од другите девет кандидати во првиот да го поддржат Дан за да спречат десничарски радикален претседател.

На почеток