Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Преживеан од трагедијата во Романија тврди дека „lane assist“ го блокирал воланот, во несреќата загинаа седум лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library78tcj4ve56c0d0p5QYs

Еден од преживеаните во сообраќајната несреќа со минибусот во Романија, во која загинаа седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, а тројца беа повредени, тврди дека системот за асистенција на лента можеби придонел за трагедијата, изјави во средата еден од лекарите што го лекуваат.

Несреќата се случила во вторникот во близина на Темишвар. Навивачите патувале кон Лион, Франција, каде требало да присуствуваат на натпревар од Лига Европа. Засега не е познато на кое место во минибусот седел сведокот.

— реклама —

Видео-снимка од несреќата покажува како црниот минибус претекнува цистерна што превезувала алкохол, по што се враќа во својата лента, но наеднаш повторно излегува во спротивниот правец и директно удира во камион што наидувал.

Грчкиот лекар Димитрис Кукoулас, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, изјави дека повредениот му рекол оти системот за асистенција на лента го „заклучил“ воланот, со што не можел да се врати во својата лента по претекнувањето.

— реклама —

Системот за асистенција на лента е дел од помошните технологии за возачите и е наменет да спречи ненамерно излегување од лентата. Тој користи камери и сензори за да ги следи ознаките на патот и, во зависност од системот, или го предупредува возачот или благо интервенира во управувањето за да го задржи возилото во рамките на лентата. Системот автоматски се исклучува кога се вклучени трепкачите.

— реклама —

Надлежните органи соопштија дека истрагата е во тек и дека се разгледуваат повеќе можни фактори за утврдување на причините за несреќата.

Според Кукoулас, состојбата на преживеаниот е подобра во споредба со другите двајца повредени патници, при што тој има скршеници претежно на долните екстремитети. Во меѓувреме, членовите на семејствата на загинатите веќе пристигнуваат во Романија за идентификација на жртвите.

ВИДЕО ТУКА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 1 ден

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 3 дена

media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања