Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

14-годишник во Грција подготвувал вооружен напад во училиште поради врсничко насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryog780k9t7ut6fM9meH7
Илустрација / Скопје1

Грчката полиција спречила наводен план на 14-годишно момче за напад во училиште и пукање врз негови соученици, за кои тврдело дека постојано го малтретирале. Случајот властите го оценуваат како досега невиден во Грција, пишува Екатимерини.

— реклама —

Антитерористичката служба започнала истрага откако добила информации од странска агенција за корисник на апликацијата Телеграм кој се заканувал дека ќе изврши масовно пукање.

— реклама —

Полицијата го лоцирала профилот и утврдила дека зад него стои 14-годишниот тинејџер. Според истрагата, тој пребарувал информации за вооружени напади во училишта, се обидувал да набави огнено оружје и воена опрема, а размислувал и да го сними нападот и да ја објави снимката на интернет.

Тинејџерот купил и нож долг 35 сантиметри.

— реклама —

Пред полицијата изјавил дека сакал да се одмазди на група од 10 до 15 малолетници кои, како што тврдел, постојано го навредувале и физички го напаѓале.

— реклама —

Надлежните соопштиле дека нема докази за идеолошка радикализација или терористички мотив. Случајот го опишале како ескалација кон насилство насочено кон конкретни лица, поттикнато од желбата за одмазда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

policija-grcija

Потера со пукање во Грција: Измамиле баба, украле пари и златници вредни половина милион евра

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Разбиена работилница за фалсификување документи за азил во Атина, запленети над 32.000 евра

Свет | пред 1 ден

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Балкан | пред 3 дена

media-libraryps059ejijq8m5YYYZAi

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра и со парите купила автомобил

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања