Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Балкан
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg
фото: unsplash

Целосен прекин на сообраќајот на дел од грчкиот автопат А1 ќе има од петок, 20 ноември, до понеделник, 23 ноември, поради уривање на надвозник. Измената ќе ги засегне и возачите кои патуваат од Македонија кон Грција и обратно, бидејќи затворањето ќе важи за двата правци.

— реклама —

Според известувањето на грчката Федерација на здруженија на патни превозници (ОФАЕ), сообраќајот ќе биде запрен од 8 часот во петок до 12 часот во понеделник. Затворена ќе биде делницата меѓу клучките Агиос Атанасиос и Поликастро.

— реклама —

Возачите кои се упатуваат кон граничниот премин Евзони ќе бидат пренасочувани кај клучката Агиос Атанасиос. Оттаму ќе продолжуваат по националниот пат Солун–Едеса, а потоа по стариот национален пат Солун–Евзони, минувајќи низ Гефира, Прохома и Кастанас, до повторното вклучување на автопатот кај Поликастро.

По истата алтернативна траса ќе се движат и возачите кои од Поликастро патуваат кон Солун.

— реклама —

Затворањето е неопходно поради уривање на надвозник што се наоѓа на 14-тиот километар од оваа делница.

— реклама —

На возачите им се препорачува да ја следат привремената сообраќајна сигнализација и да предвидат дополнително време за патување поради изменетиот режим на сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryps059ejijq8m5YYYZAi

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра и со парите купила автомобил

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
media-library573u51i2j3g86Z8x3NP

Трагедија при гаснење пожар во Грција: Загинаа двајца пожарникари, еден е повреден

Балкан | пред 4 дена

struja-4

Грција ѝ продава струја на Бугарија преку ден, а навечер ја купува назад

Балкан | пред 4 дена

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања