Свет

(Видео) Гнев во Нови Сад: Непознат маж уринирал врз свеќи и цвеќиња посветени за жртвите од несреќата кај Железничката станица

Жителите на Нови Сад по втор пат се во шок.

Згрозени и револтирани се од несфатливиот инцидент кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт.

Тој се приближил до местото пред станицата и започнал да уринира по свеќите и цвеќињата што граѓаните ги оставиле како знак на почит.

Граѓаните веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи.Новосаѓани се собраа спроти Железничката станица за да го изразат своето незадоволство од грозомориот чин.

Надлежните органи започнаа истрага за идентификување на лицето и преземање на соодветни мерки.

На почеток