Македонија

(Видео) На дневно ниво решаваме проблеми, планирам и лична средба со родителите од Кочани, вели Мицкоски

Македонија болува и ќе болува, а болката нема да престане, рече премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи средба со родителите на загинатите и повредените. Тој тврди дека постојано се помага и се решаваат проблеми.

„Членови од мојот кабинет на неделно ниво разовараат со родителите на починатите, но и повредените. Планирам во наредниот период да се сретнам и лично и да разговарам. На дневно ниво решаваме проблеми. Еве на пример… Лично разговарав со еден од родителите на децата, но и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се среди целата работа. Дечињата дојдоа тука. Организиравме транспорт од аеродромот до болницата ‘8 Септември‘. Иако лекарите препорачаа еднодневен мониторинг, сепак тие на своја одговорност бараа да бидат пуштени од болницата“, рече Мицкоски.

Прашан за истрагата, како и дали таа е селективна, тој рече дека истата ја води Обвинителството.

„Јас не се мешам во истрагата ниту, пак, сум се јавил или сум комуницирал со некој од Обвинителството. Не сакам да излезе дека премиерот врши притисоци. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи за случувањата. Ова е прв приоритет за мене како премиер. Апелирам до сите политички чинители да ги остават Обвинителството и правосудните органи да си ја вршат работата“, рече тој.

На почеток