Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен


Сите 3.500 лица со дијабет тип 1 бараат од државата да се обезбедат современи инсулински пумпи кои ќе значат автоматска испорака на инсулин или технологија која е најблиску до вештачкиот панкреас. Ова сега е овозможено само за 300 лица.
За министерот за здравство Арбен Таравари јавната набавка за наредните две години е веќе завршена работа и договорот е потпишан.
„Многу е порационално, да нема недостиг. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот скоро 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани посебно за тие со дијабет“, изјави Таравари.
Сојузот на здруженијата на лица со дијабетес инсистираат ова да се предвиди со новата јавна набавка за 2025 и 2026 година.
