„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

АХВ го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“, кој беше отворен пред две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
lana

По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар - прифатилиште за бездомни кучиња „Лана“ во Струмица.

— реклама —

„Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција. Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња. Поради утврдените недоследности од страна на инспекциските служби, издадена е времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни“, велат од АХВ.

Инаку стационарот беше отворен во февруари 2023 година. Во употреба го пушти градоначалникот Костадин Костадинов.

— реклама —

„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денес општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња“, рече тогаш Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1b69k04qlg546TOjRVB

АХВ направи контроли на детските новогодишни пакетчиња: Утврдени се минимални недоследности

Македонија | пред 1 ден

pilesko-meso

Стопиран увоз на замрзнато пилешко на Ќафасан поради ризик од птичји грип

Македонија | пред 5 дена

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит и 2.000 кгр. небезбеден стек

Македонија | пред 3 седмици

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ со апел: Строга хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања