Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Инспекции низ цела држава: Под лупа јајцата, боите и месото пред велигденските празници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarydu3tep4ls5ju1YPlng0
unsplash

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенција за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава.

— реклама —

Контролите ги опфаќаат сите сегменти од синџирот на храна – од производство и преработка, до дистрибуција и продажба, со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.

— реклама —

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на терен детално проверуваат дали се исполнуваат сите услови за безбедност. Посебен акцент е ставен на јајцата и боите за јајца, каде освен условите за складирање и означување, се вршат и засилени контроли при увоз, при што секоја пратка подлежи на физички преглед на местото на истовар.

— реклама —

Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници, увозници, месарници и зелените пазари.

— реклама —

Од Агенцијата посочуваат дека со овие активности превентивно се делува за граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза, апелирајќи храната да се купува исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под нивна контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 1 седмица

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања