Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство одзеле околу два тона небезбедно месо и месни производи при вонредни контроли во Радовиш, како и дополнителни 50 килограми месни производи од лице кое нелегално произведувало и продавало димени производи и чварки во неготинското село Пепелиште.

— реклама —

При контролите во Радовиш биле пронајдени свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои треба да бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, пак, одземени се 50 килограми производи, меѓу кои печениче, кулен и димена сланина.

— реклама —
— реклама —

Според Агенцијата, производите немале декларација за потеклото, а биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Од надлежната институција најавуваат продолжување на инспекциските контроли со цел спречување на нелегалното производство и продажба на небезбедна храна и заштита на здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

hrana1-770x475

Речиси 70 тони небезбедна храна уништени во Македонија за осум месеци

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања