Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништила 470 килограми месни производи и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево.

— реклама —

При вонреден инспекциски надзор во месарница, официјалните ветеринари откриле 400 килограми замрзнати месни подготовки, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целата количина била запленета и уништена на депонија согласно законските процедури.

— реклама —

Поради утврдените неправилности, изречена е мерка за привремено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни за работа во нерегистриран објект и неозначување на производите.

— реклама —

Од АХВ информираат дека од јануари до август 2026 година биле спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори. Во истиот период биле уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и увозот, бил забранет увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло биле вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло.

— реклама —

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат низ целата држава, со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на продажбата на небезбедна храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Нови проверки во тетовската млекарница по враќањето на пратките од Косово – се чекаат резултатите од две лаборатории

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ovci

Почна дистрибуцијата на 400.000 вакцини против сипаници кај овците и козите

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 1 седмица

media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања