Свет

Индија го нападна Пакистан

Ескалираа тензиите. Индија започна воени напади врз девет локации во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир. Тврдат дека цел им била терористичка инфраструктура од каде биле планирани напади врз индиска територија.

Пакистан соопшти дека осум лица биле убиени рано на 7 мај во ракетни напади лансирани од индиските вооружени сили и го нарече нападот бесрамен чин на војна во услови на зголемени тензии меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје.

Индиската армија соопшти дека операцијата траела околу половина час и дека биле користени специјализирани „нискотехнолошки“ системи за да се избегне колатерална штета. Според армиски портпарол, сите цели биле претходно прецизно лоцирани врз основа на разузнавачки информации и нападите биле ограничени исклучиво на воена инфраструктура и кампови за обука на милитанти.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост поради ескалацијата на насилството меѓу Индија и Пакистан. Тој нагласи дека, како две нуклеарни сили, Индија и Пакистан треба сами да ги решат своите проблеми и рече дека очекува борбите брзо да завршат.

На почеток