Промени тема
Контакт

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
nafta

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.

Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.

Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.

— реклама —

Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.

— реклама —

Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.

Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.

— реклама —

Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.

Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp6gadh67tn2kdE8GhFH

(Видео) Четири лица загинаа во американска операција против шверцери на дрога на Карибите

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Трамп воведе нови санкции за Русија, Медведев му одговори

Свет | пред 23 часа

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Трамп го прогласи договорот за Гренланд за „историска победа“, но дел од правата постојат од 1951 година

Свет | пред 23 часа

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

САД одобрија можна продажба на противвоздушна одбрана за Украина вредна 2,7 милијарди долари

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања