Авионот на Вучиќ на пат кон Москва, приземјен во Баку


Авионот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој леташе за Москва е запрен поради небезбедност од воените операции.
Вучиќ леташе во најавена посета на Москва, каде што требаше според најавите да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Авионот мораше принудно да слета во Баку, Азербејџан поради војната во Украина и воздушните борбени акции. Авионот нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.
Според српските медиуми, авионот на претседателот на Србија не можел да оди понатаму на територијата на Русија поради безбедносни ризици и ефектите од системите за противвоздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликтот.
Аеродромите во Москва се, исто така, моментално затворени.Во изминатите неколку дена аеродромите и во неколку други руски градови беа затворени поради напади на украински беспилотни летала.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва.
