(Видео) Не е избран нов папа, црн чад над Ватикан

Од
Објавено на

Вечерва на првото гласање, кардиналите не успеаја да изберат нов папа.
Илјадници верници денеска упорно чекаа на плоштадот Свети Петар во Рим, да се појави бел или црн чад од оџакот на покривот на капелата.
Чекањето беше подолго од очекуваното, црниот чад се појави повеќе од три часа по почетокот на конклавата.
133 кардинали од 70 земји и од пет континенти во Сикстинската капела ја почнаа конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква.
