Македонија

Нема енормно зголемување на цените во маркетите, а ако има, следуваат ригорозни мерки, најави министерот за економија

Мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека во мај и април економијата е стабилна, а граѓаните немале зголемени цени во маркетите. Тој посочува дека следуваат редовни и вонредни контроли кај производителите, дистрибутерите и маркетите. Ако цените не бидат енормно зголемени, тогаш нема да има строги мерки. Во спротивно, повторно ќе има маржи.

„Податоците покажуваат дека инфлацијата за април е 0, во споредба со март имаме само покачување од 0,6 проценти. Во споредба со април минатата година, инфланцијата е 2,6 проценти и дека таа е стабилна. Цените на храна се речиси непроменети, само 0,3 проценти за една година. Ако споредиме март со април 2024 година, имаме дефлација. Ова покажува дека економијата е стабилна, граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на прехрамбените производи“, рече мининистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Тој рече дека при девојантно однесување, ќе има ригорозни мерки – а на листите со ограничени маржи ќе се најдат и нови производи.

„Тие во мај ќе имаат редовни и вонредни контроли, а на крајот од месецот ќе направат извештај. Ќе ги контролираат дисртибутерите, маркетите и ќе направат извештај. Врз основа на тој извештај, ако имаме девијантно однесување на трговците или енормно зголемување на цените без оправдување, ќе има ригорозни мерки. Ако биде во стабилна фаза, ќе бидеме во комуникација со Пазарна и ќе има редовни контроли. Ќе

На почеток