(Видео) Бајден: Јас сум одговорен за враќањето на Трамп во Белата куќа


Поранешниот американски претседател Џо Бајден изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа.
„Да, ја преземам одговорноста, бидејќи, погледнете, јас бев одговорен и тој победи. Значи, знаете, јас ја преземам одговорноста“, рече тој за време на интервју за американската телевизиска мрежа ABC.
Бајден ги отфрли тврдењата за пад на сопствените когнитивни функции за време на неговата последна година на функцијата.
„Тие грешат. Нема ништо што го поткрепува тоа. Мислам дека единствената причина зошто се повлеков од трката беше тоа што не сакав да имам поделена Демократска партија. Така е и затоа се повлеков од трката“, нагласи Бајден.
„Мислев дека е подобро да ја ставам земјата пред моите интереси, моите лични интереси. Не се шегувам. Сериозен сум во врска со тоа“, додаде тој.
На Бајден во интервјуто му се придружи и неговата сопруга Џил.
