(Видео) Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети


Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека идната недела ќе го викне на средба министерот за здравство, Арбен Таравари, како завршна средба пред тој да замине од Владата. Мицкоски рече дека најмалку што очекувал е Таравари да се врати кај ДУИ.
„Јас забележав, ги слушнав тие изјави. Мислам дека Таравари неколкумина околу него се одлучени да се вратат кај ДУИ и Али Ахмети. Се надевам дека ќе имаме следната недела завршна средба за да сумираме што имаме направено. И да му посакам добро здравје. Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети и малкумина околу него. Повеќе од сигурно е дека тој се враќа во прегратката на тие што ја опустошија Македонија изминатите две децении, повеќе од 20 години. Нивен избор е“, рече Мицкоски.
