Мицкоски со остра порака до Ахмети: Ако се идентификува со криминалците, тогаш треба да чека да му тропнат на врата и нему


Премиерот Христијан Мицкоски, упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој му рече дека гонење на криминалци не е задирање во правата на Албанците. Потоа му кажа дека ако се идентификува со овие лица, тогаш, треба да чека и нему да му тропнат на врата.
„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои се борат против овие криминалци, да му тропнат на врата и нему. Јас би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал. Истите обвинители и судии кои беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ, покренуваат обвиненија против лица од ДУИ. Знам дека има многумина кои се заштитени од истите овие обвинители, тоа ми е јасно“, рече Мицкоски.
