Таравари излегува од Владата, пред да го испие кафето со Мицкоски


Крилото на Алијанса на Албанците, предводени од Арбен Таравари ја напушта Владата.
Таравари пред да го испие кафето за збогување во Мицкоски почна со критики упатени на адреса на Владата.
Од Врапчиште синоќа порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата.
„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме подготвени да ја напуштаме.Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.
Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира одлуката, која се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела.
ВРЕДИ атакува да седне министерската фотелја во здравство.Она што е непознато е како ќе дејстуваат и петте пратеници на Алијансата, но без нив виси бадентеровото мнозинство за гласање.
