Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Од
Објавено на

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.
Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.
На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.
