Македонија

Едно е да ме ругаш, но да ме фатиш за врат и да ми пцуеш бремена сопруга и дете – следен пат ќе го тепам во пленарна, рече Апасиев за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за „Скопје1“ вели дека немало реакција на обезбедувањето на Собранието, кога се случил инцидентот со пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев во изјава за „Фокус“ тврди дека секојпат кога ќе се сретнеле, Ристески упатувал пцости кон него, бидејќи, пратениците на Левица зборувале за патните трошоци на пратениците.

„Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна“, вели Апасиев за „Фокус“.

Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, кој го обвини Апасиев „дека плаче“.

Тензии во собраниските ходници помеѓу Апасиев и Ристески; Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ: Аман Димче, не плачи, доста е

Собранието цел ден молчи за инцидентот иако неколку новинари побараа став и детали.

На почеток