Македонија

(Видео) Неутешни, гласна тишина и пораки од родителите во Кочани: „Прошка нема, правда мора да има, време е!“

По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот. Порака упатија и до пратениците: голема (не)благодарност до нив.

Преку транспаренти укажаа дека “Системот убива, додека институциите молчат”. Родителите, наместо своите деца, во преграгка ги држеа нивните фотографии.

На овој марш се приклучи и иницијативата “Кој е следен?”.

Томче, чие семејство го посети и екипата на „Претрес“, и денеска беше на „Маршот за ангелите“ во Кочани. Ја повтори пораката, чекаат на виделина да излезе сѐ што претходните 30 години било криено.

На почеток