Трамп му посака брзо закрепнување на Бајден кој има агресивна форма на рак на простата

Од
Објавено на

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите коски.
Бајден, кој има 82 години, со неговото семејство моментално разговараат за опциите за лекување со своите лекари.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за веста дека поранешниот претседател Џозеф Бајден боледува од рак на простата, посакувајќи му брзо закрепнување.
„Меланија и јас сме тажни што слушнавме за медицинската дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли и најдобри желби на семејството, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп.
