Македонија

Мицкоски за изборот на нов гувернер: Нема несогласувања со Сиљановска, разговаравме за кандидати, деновиве треба да се видиме

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека името на предлогот за нов гувернер ќе се знае идните денови. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема одлучено кого ќе предложи иако во игра се имињата на Трајко Славески и Зоран Ставревски. Мицкоски тврди дека нема несогласувања со претседателката.

„Јас добив информација од претсеателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот. Претседателката имаше консултации викендов. Деновиве ќе треба да се видиме и да поразговараме“, рече Мицкоски.

Прашан дали тој и претседателката имаат несогласувања, одговори: „Нема несогласувања.. Не сме разговарале за кандидат, туку кандидати“.

На почеток