Македонија

(Фото) Во Штип, демолирани рамките со фотографиите од загинатите во Кочани

Искршени рамките со фотографиите од момчињата кои загинаа во трагедијата во Кочани, а кои беа поставени на плоштадот „Слбоода“ во Штип. Порталот „Мнет“ објави и фотографии од кои се гледа дека една од фотографиите е извадена од рамката, а од другата е изваден додатокот на рамката на кој истата се потпира.

Овие фотографии се поставени на плошадот повеќе од два месеци. Граѓаните оддаваа почит, а првите денови, на ова место се палеа и свеќи во знак на жалост.

На почеток